Фото: Архива
Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот пријавен е пожар во евангелска црква во с.Чифлик, кочанско.
Според информациите од СВР Штип, од пожарот биле зафатени и делумно опожарени две простории. Пожарот е изгаснат. Увид извршила екипа од ПС Кочани.
Се работи на расчистување на случајот.


