Случајот за малиот Алмир повторно на судење – одлучи Апелација – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 4:03 PM

Случајот за малиот Алмир повторно на судење – одлучи Апелација

Случајот за малиот Алмир Алиу од Куманово кој беше прегазен во јуни 2016- та се враќа на повторно судење. Вака одлучи Кривичниот совет на Скопска апелација, кој го поништи предметот за смртта на четиригодишното дете.

Во овој предмет, кумановецот Бобан Илиќ кој се товареше за сообраќајна несреќа со смртни последици, беше осуден на шест години затвор. Условна казна од шест месеци затвор, со првостепената пресуда, доби татко на Алмир, Седат Алиу, кој уште со двајца други, во истиот случај беше обвинет за насилство бидејќи критичната вечер го нападнале Илиќ во кумановската болница.

Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но на рочиштето за завршните зборови обвинителството го преквалификуваше делото во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Во знак на револт од преквалификацијата на делото, семејството Алиу и група граѓани повеќе пати протестираа пред Јавното обвинителство во Скопје, но и пред Владата.,

Четиригодишниот Алмир беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија во болницата.