Кои бои според „фенг шуи“ кои ќе ви донесат среќа и мир во домот ?! – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 2:43 PM

Кои бои според „фенг шуи“ кои ќе ви донесат среќа и мир во домот ?!

Според Фенг Шуи боите кои оваа 2019 година ќе ви донесат среќа и благосостојба пред се се црвената, темно розевата, портокаловата, сивата и белата. Покрај ентериерот, овие бои ќе ви донесат среќа па дури и кога ги носите на себе.

Во текот на 2019 година најмногу радост и успех ќе ви донесе црвената боја, која го симболизира елементот оган. Оваа година црвената и белата боја се стабилизатори на ентериерот и ќе биде водич кој ќе донесе успех во текот на следните 12 месеци од оваа година.

Експертите по Фенг Шуи советуваат ентериерот во куќата да го збогатите со азурно сина боја, темно розева и црвена, со цел во вашиот живот да предизвикате година исполнета со успех и изненадувања. Овие бои се со романтичен дух, со што во вашиот дом може да предизвикате страст и љубов.

Бебешко розевата боја би била идеална за уредување на спалната соба, ќе ви донесе мир и спокој, посебно во комбинација со кремасти нијанси.

Потрудете се сепак, се да биде стилизирано со мера, со што доминантната енергија во вашиот дом би била оаза на мирот.