Приведени четири лица по тепачка во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 12:26 PM

Приведени четири лица по тепачка во Тетово

Предупредувачки курушуми во воздух и четири приведени лица, меѓу кои и двајца седумнаесетгодишни малолетници, се последиците по физичката пресметка на повеќе лица што ноќеска по полноќ се случила во таканареченото Ромско маало на улицата „29 Ноември” во Тетово.

Тетовската полиција соопшти дека тепачката ја пријавило едно од седумнаесетгодишните момчиња, по што на местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот.

Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците во тепачката тие испукале и неколку куршуми во воздух.

На местото биле лишени од слобода Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово, додека двајцата малолетници на возраст од 17 години, исто така од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница биле донесени во полициската станица во градот.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.