Еден загинат и тројца исчезнати во експлозија на тенкер во Хонг Конг (Фото) – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 12:32 PM

Еден загинат и тројца исчезнати во експлозија на тенкер во Хонг Конг (Фото)

Едно лице загинало, а тројца се исчезнати при експлозија на танкер за нафта во Хонг Конг – соопштија денеска претставници на противпожарната служба на овој кинески автономен регион. Во танкерот имало вкупно 26 лица, од кои спасени се 22.

Екипажот морал да скокне во вода за да избега од пожарот, а некои лица од екипажот изјавиле дека биле исфрлени од експлозијата.