Без вода Росоман, Манастирец, Рибарци, Сопот и две компании од Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/19 9:06 AM

Без вода Росоман, Манастирец, Рибарци, Сопот и две компании од Кавадарци

Без вода за пиење се селата Росоман, Манастирец, Рибарци, Сопот и две компании од Кавадарци, поради дефект на главната водоводна линија.

Бојан Атанасов, раководител на работната единица  за вододвод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, за МИА изјави дека нивни работници интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.