Божикни литургии во сите храмови на МПЦ – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/19 11:19 AM

Божикни литургии во сите храмови на МПЦ

По повод Божик, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упати Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога.

„Овој празник е денот на исполнетото време, на остварените пророштва и очекувања, празник – матица на сите празници. Без Рождеството немаше да го има Воскресението, но и без Воскресението немаше да се исполни Божјото вочовечување. Затоа Божик е празник на небоземната радост – денот кога сите битија Го слават Бога и се радуваат на спасоносниот настан!“, се вели во Божикното послание.

По повод Рождеството Христово-Божик во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики.