Визардс ставија крај на серијата на Оклахома – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/19 10:28 AM

Визардс ставија крај на серијата на Оклахома

ашингтон Визардас убедливо славеа во Окалхома 116:98, иако Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл. Без Џон Вол и Двајт Хауард, Визардс најдоа сили да ја прекинат серијата од три победи на Оклахома.

Гостите од престолнината на САД, одиграа одличен меч, ги добија сите четвртини и заслужено победија.

Бредли Бил ги предводеше Визардс до 16. победа во 40. натпревар сезонава. На спротивната страна Вестбрук забележа 22 поени, 15 скока и 13 асистенции, а Пол Џорџ заврши со 20 поени.

Оклахома се на третата позиција на Западот со 25 победи и 14 порази.

https://youtu.be/mYhkIQkXvt8