Капитенот им ги исполни новогодишните желби на децата од Детска клиника – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/19 12:00 PM

Капитенот им ги исполни новогодишните желби на децата од Детска клиника

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата , посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди. Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години , секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. При посетата тој им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз. Меѓу дечињата најголем беше Мерџан кој има 13 години и веќе не верува во Дедо Мраз но го препозна Кире, видно возбуден што е во неговата болничка соба , на средбата му посака многу среќа на престојното СП и му го покажа телевизорот на кој ќе го гледа и ќе навива за Македонија. Капитенот му вети дека до почетокот на Мундијалот ќе му испрати и дрес за Мерџан да биде вистински навивач.