Бадниковата поворка го најави Христовото раѓање во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/6/19 11:14 AM

Бадниковата поворка го најави Христовото раѓање во Кавадарци

По втор пат годинава, во Кавадарци се организираше бадникова поворка во која учествуваа стотина деца. Тие тргнаа од храмот Света Петка, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ минаа низ улица „Илинденска“ и стигнаа до општинската зграда.
Со подароци децата беа пречекани од градоначалникот Митко Јанчев.
„Бадник е голем христијански празник. Задоволство е да се види кога од млади години се почитува верата“ нагласи Јанчев.
Свештениците искажаа задоволство што и годинава интересот за учество во поворката кај најмладите бил голем.
Ангел Данов