ВМРО-ДПМНЕ: МВР набавило 240.000 бланко обрасци за патни исправи на неколку дена пред гласањето на уставните промени – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/19 4:23 PM

ВМРО-ДПМНЕ: МВР набавило 240.000 бланко обрасци за патни исправи на неколку дена пред гласањето на уставните промени

Зоран Заев и Оливер Спасовски или го кршат Уставот и законите набавувајќи бланко обрасци за патни исправи со променето име Северна Македонија или прават криминална зделка во која што набавуваат огромна количина обрасци со името Република Македонија, а за десетина дена планираат да го сменат уставното име – изјави денеска на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувајќи го министерот  Оливер Спасовски дека е неодговорен, тој обвинидека околу 240.000 бланко обрасци за пасоши чекаат на царина на само неколку дена пред гласањето на уставните промени во Собранието.

Доколку обрасците се со името Република Македонија, а власта го промени името на државата во Собрание тогаш тие 240.000 обрасци вредни милиони евра ќе бидат неупотребливи и ќе треба да се уништат, а парите дадени за нивна набавка ќе бидат директна штета за државата. Во вториот случај доколку обрасците за пасоши се со името Северна Македонија, што ќе се случи доколку името не помине во Собрание, дали повторно истите се неупотребливи и ќе треба да се уништат – изјави Ѓорѓиевски.