Кој е похуман – ВМРО или СДСМ? – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/19 3:19 PM

Кој е похуман – ВМРО или СДСМ?

Откако предновогодишно совениците на Општина Штип паднаа на тест понудата на донираат половина од декемврискиот паушал, опозициските советници ја фрлија ракавицата до своите колеги од мнозинството. Пакети со основни животни продукти на повеќе социјално загрозени семејства, поделија советниците од колацијата на ВМРО ДПМНЕ – објави на прес конференција, советникот и координатор на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тој ги повика останатите своите колеги советници и граѓани да донираат.

Донирањето стана политичка тема откако на последната седница на Советот на Општина Штип советникот Тоше Тулиев предложи 23-цата советници половина од декемврискиот паушал да го донираат на социјално најзагрозените семејства. Тоа глатко беше одбиено, а советниците од владеачкото мнозинство од колацијата на СДСМ дадоа повеќе аргументи.

Според нив, општината има солидарен фонд, кој треба да се види како функционира, па треба комисија да утврди кои се’ семејства припаѓаат на категоријата социјално загрозени, па во расправата дури беше кажано дека „нивните пари треба да завршат кај некој како Мики Ли“, кој граѓаните го знаат по питачењето.

Предлогот на Тулиев не ни беше ставен на разгледување, откако претседателот на Советот, Јане Миланов вешто го преформулира во предлог секој по свое видување да донира каде смета дека треба. Сите советници кренаа два прста „за“, вклучувајќи го и предлагачот Тулиев, кој пак стана и се изјасни дека сепак, тој ќе донира половина паушал, другите како сакаат. Со тоа се затвори темата донирање.

Сега ВМРО ДПМНЕ доби во предност, организирајќи акција за однирање, која според најавата на Јорданов ќе трае и следните денови. На потег се советниците од власта.