Извртен камион го блокирше автопатот Скопје – Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/19 6:03 AM

Извртен камион го блокирше автопатот Скопје – Гевгелија

На два километра пред Неготино вчеравечер се изврте камион и го блокираше автопатот Скопје – Гевгелија. Според првичните информации нема повредени. Од неготинската полиција го потврдија настанот, а повеќе детали од МВР ќе соопштат во текот на денешниот ден.

Митко Вангелов помогнал камионот да се истргне од патот со цел да се овозможи проодност. Тој се враќал од Скопје и веднаш започнал да помага.

„Го извлеков возилото за да биде прооден патот. Всушност, го извлеков на страна контејнерот кој беше паднат од возилото. После тоа го извлеков камионот за да биде прооден патот”, рече Митко Вангелов од Неготино.

Ангел Данов