Општина Гевгелија почна да се раздолжува   – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 3:58 PM

Општина Гевгелија почна да се раздолжува  

Општина Гевгелија од Владата доби 61 милион денари за раздолжување. Од Локалната самоуправа информираат дека во текот на минатата година општината  успеа да сервисира повеќе од 20% од наследениот долг во износ на 143 милиони денари. Односно беа исплатени на доверителите 25 милиони денари, така што за раздолжување останаа уште 118 милиони денари.

Веднаш по Божиќните празници, градоначалникот на општина Гевгелија ќе оствари средби со фирмите-доверители, кои се јавија на објавениот јавен повик за исплата на долгот на општината кон доверителите. По разговорите и во зависност од понудениот дисконт за побаруваната сума од страна на доверителите ќе биде изготвена приоритетна листа за распределба на средствата, по која Советот на општина Гевгелија се очекува да се произнесе до крајот на месецот.