И над 90 сантиметри е измерена снежна покривка во селата од Бошавијата и Подкожувјето. Вчера и денеска овој регион од Тиквешијата е зафатен од интензивни врнежи од снег.
Во селото Мрежичко снежната покривка е 90 сантиметри, а во останатите села снегот достигна шеесетина сантиметри.
Патиштата се проодни но и понатаму се апелира без поголема итност да не се патува во овој дел од Тиквешијата.
„Механизацијата работеше на расчистување на патот Бојанчиште – Куманичево и Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец. Две возила од Македонија пат работеа на патот Кавадарци – Мушов гроб, а 2 големи трактори со нож и соларка интервенираа на патот Мушов гроб – Мајден и на патот Мајден – Рожден“ информираа од зимската служба на општина Кавадарци.
Исто така нивна механизација денеска интензивно работеше на пробивање на патните правци кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојначиште, Гарниково и Чемерско. Местата каде што имаше наноси од снег се расчистуваа со фреза.
На скијачкиот центар Кожуф пак, снежната покривка поминува еден метар.
Ангел Данов


