Четириесет и седумгодишниот гостиварец кој е осомничен за убиството кое се случи во Кичево на 29. декември, физички нападнал и се обидел да силува вработена во обложувачница во Струга, заедно со уште едно лице албански државјанин.
Тие, казненото дело го извршиле на 31 декември минатата година околу 18 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувалницата, двајцата пријавени физички ја нападнале триесет и осумгодишната стружанка, вработена во обложувалницата, а потоа и го барале клучот од касата – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На пријавениот од гостиварското село Ќафа, на втори јануари годинава му беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена поради сторено казнено дело „убиство“ извршено на 29 декември минатата година во угостителски објект во Кичево.


