Седумдесет и шест години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 2:05 PM

Седумдесет и шест години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур

Во селото Ваташа, во спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур денеска се одбележаа 76 години од неговото убиство. Делегации од сојузот на борци од Кавадарци и од локалната самоуправа положија цвеќе на бистата на Страшо. Тој е роден на 5 март 1915 години и живеел со неговата баба Наца во Ваташа.

За неговиот живот и револуционерни актвности   говореше кустос – историчарот Марија Михова.

„Како последица на силните измачувања Страшо Пинџур умира. Истата вечер неговото тело било однесено во непознат правец и до денеска не се знае неговиот гроб. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ за борба против фашистичкиот окупатор,  Страшо Пинџур е меѓу првите прогласен за народен херој во Македонија“, рече Михова.

По 42 години од отворањето на Спомен куќата на Страшо сменети се паноата со слики, а санирани и оштетувањата во куќата.

 

„Во рамките на проектот, сменети беа старите паноа кои беа оштетени, поради пукање на цевка и влага. Се санираше и оштетувањето на ѕидовите од самата влага, а се поправи и влезната врата. Се исчистија и средија фотографиите кои говорат за животниот пат на Пинџур, информира  директорката  на кавадаречкиот музеј, Весна Ѓорѓиева. Таа вели дека станува збор за проект од национален интерес за реновирање и дополнување на историската поставка, поддржан од Министерството за култура.

 

Ангел Данов