Во скопските поликлиники до 13 часот вакцинирани 829 деца со МРП – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 1:52 PM

Во скопските поликлиники до 13 часот вакцинирани 829 деца со МРП

Во поликлиниките во Скопје денеска до 13 часот вкупно се вакцинирани 829 деца со МРП вакцина.

Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда, стои на веб страницата на Министерството за здравство.

Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, да ги носат во ГОБ „8 Септември” или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.

Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат.

Министерството за здравство уште еднаш потврдува дека МПР вакцината е со проверен квалитет, произведена во Белгија од реномиран производител, кој има два сертификати за квалитет и истата ја употребува за вакцинација на децата во својата земја.