Масовно користените фотографии од Одделението за физикална терапија во Штип пред промената на власта, сега веќе не се актуелни. Не дека нешто значајно се промени таму. Напротив, пациентите сведочат дека условите во кои добиваат терапија се во истите руинирани простории, каде еден реален здравствен и санитарен испектор веднаш би потпишал решение за затворање на просториите. Впрочем, фотографиите подолу се подобра илустрација од зборовите.
Единствената промена е што со Одделението сега е во рацете на тие што ги објавуваа фотографиите од хорор болницата. Само што се смени наративот.
Според објаснувањето на актелното раководство на болницата, Одделението е со нејасна сопственост. Претходната влада две третини од капацитетот го предадала на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој пак никогаш не ја презел во свое владеење. Поради тоа, болницата е оставена во статус кво, до некоја следна администеративна одлука. Удобна позиција на тие што фотографираа и споделуваа, како доказ колку оние претходните недомаќински управуваат. Сега, кога дојде нивниот ред, болницата е во состојба како на фотографиите. Началник на Физикална е д-р Ленче Николова, додека главна сестра е Љубица Миланова, инаку сопруга на претседателот на Советот на Општината Штип. Одделението изминатото лето делумно се реновираше со донации.






















