Снежната покривка во Кривопаланечко околу пет сантиметри, сите патишта проодни – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 11:06 AM

Снежната покривка во Кривопаланечко околу пет сантиметри, сите патишта проодни

Висината на снежната покривка во Крива Паланка и Кривопаланечко изнесува околу пет сантиметри на повисоките места над 1.000 метри надморска височина, додека во централното градско подрачје истата е околу три сантиметри.

ОПодрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување, Крива Паланка соопшти дека поради ниските температури кои во текот на ноќта достигнаа и десет степени под нулата, врнежите од снег не се интензивни.

„Сите патишта, локални и регионални засега се проодни. Според информациите од терен, и на повисоките планински места не се формира поголема снежна покривка поради исклучително ниската температура од минус 10 степени Целзиусови. Според најавите дека ќе продолжи студеното време, не очекуваме во следните денови да се формира голема снежна покривка, а ние како служба сме достапни за сите потреби на населението“, изјави за МИА Митко Ангеловски, раководител на ПЕ на ДЗС, Крива Паланка.