Со негодување дочекана изјавата на Заев за границите – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 10:31 AM

Со негодување дочекана изјавата на Заев за границите

Со прекор и негодување во Србија се коментира изјавата на македонскот премиер Зоран Заев, кој вели дека и тој како албанскиот премиер Еди Рама би ги отворил границите кон сите соседи. Србија се противи на најавата на Албанија дека ќе ги избрише границите кон Косово, а во перспектива и кон Македонија, со коментари дека на таков начин се реализира дамнешната идеја за Голема Албанија.

Многу надежи за промена на геополитчките прилики на Балканот во Србија се полага на претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин. Посетата на Путин на Белград, која почнува на 17-ти јануари,  дипломатот Владислав Јовановиќ ја оценува како „посета која менува се’“. Бидејќи, според српскиот дипломат, самото присуство на Путин  каде било на Балканот, ги вознемирува западните сили, кои овој регион го сметаат за свој.

-Оваа посета ја засилува и ја подобрува положбата на Србија, а доколку има и конкретни договори во областа на политиката и воено-економската соработка, тоа може да биде опомена за другата страна, која нема да смее така силно на навалува врз Србија – оценува Јовановиќ.

Во текот на посетата на Путнин, како што е најавено, ќе бидат потпишани околу 20 договори во обласите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.