На автопатот Миравци-Демир Капија грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 9:56 AM

На автопатот Миравци-Демир Капија грчко „бмв” удрило во товарното возило кое растурало сол

Две деца на возраст од пет и од три години се повредени во сообраќајна незгода која вчеравечер се случила на автопатот Миравци – Демир Капија. До незгодата дошло кога четириесет и петгодишен маж од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа и во товарно возило управувано од триесет и деветгодишен маж од Кавадарци.

Повредените деца, кои биле сопатници во автомобилот,  се  пренесени во Општата болница во Кавадарци, каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување – информира портпаролот на велешката полиција, Верољуб Додевски.

Извршен е увид на местото на настанот.