Две деца на возраст од пет и од три години се повредени во сообраќајна незгода која вчеравечер се случила на автопатот Миравци – Демир Капија. До незгодата дошло кога четириесет и петгодишен маж од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа и во товарно возило управувано од триесет и деветгодишен маж од Кавадарци.
Повредените деца, кои биле сопатници во автомобилот, се пренесени во Општата болница во Кавадарци, каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување – информира портпаролот на велешката полиција, Верољуб Додевски.
Извршен е увид на местото на настанот.


