Прегазена жена кај Овче Поле – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 9:48 AM

Прегазена жена кај Овче Поле

Педесет и седумгодишна жена од Свети Николе се здобила со тешки телесни повреди, откако вчера во неа удрил четириесет и осумгодишен скопјанец кој управувал товарно моторно возило „Опел Мовано”  – соопшти денеска МВР. Повредената жена

со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот – додаваат од МВР.