Грчките медиуми пишуваат за набавката на нови 240.000 пасоши со името Република Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 9:36 AM

Грчките медиуми пишуваат за набавката на нови 240.000 пасоши со името Република Македонија

Без коментари, најзначајните грчки медиуми ја пренесуваат веста што вчера беше објавена од ТВ „Алфа“ од Скопје за новата набавка на 240.000 пасоши со името Република Македонија, во време кога преку финално усвојување на уставните промени, се подготвува промена на името на државата.

Грчката телевизија Скај, весникот Катимерини, руската експозитура на Спутник во Грција, се меѓу медиумите што ја пренесуваат веста и изјавата од македонското Министерство за внатрешни работи. Во оваа информација од МВР потврдуваат дека има доволен број на обрасци за пасоши, но сепак на Царина чекаат нови 240.000.

Од МВР обаснуваат: Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените.

Грчките медиуми деновиве ја објаснуваат процедурата за усвојување на амандманите во Македонија, а потоа и ратификацијата што треба да следи во грчкиот Парламент.