ЛП: Да се санкционираат одговорните за пропустите во изградбата на делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид  – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 9:19 AM

ЛП: Да се санкционираат одговорните за пропустите во изградбата на делниците Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид 

Спроведена ли е истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид и каков е нејзиниот тек – прашува денеска Либералната партија.

Во писмено соопштенија оттаму потсетуваат дека пред година ипол партијата бараше надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручност и грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали.

Исто така Либералната партија бара да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради грешките и уште дополнителни 160 милиони евра.

Со новите 160 милиони евра издвоени од даночните обврзници за довршување на овие делници, без санкционирање на сите одговорни во овој проект (досега не е санкциониран никој), продолжува периодот на неказнивост карактеристичен за периодот на груевизмот – се вели во партиското соопштение.