Заев очекува двотретинско мнозинство за уставните амандмани – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/19 9:03 AM

Заев очекува двотретинско мнозинство за уставните амандмани

Третата и последна фаза од имплементацијата на Преспанскиот договор започнува следната недела на 9 јануари кога е закажана собраниската седница за усвојување на уставните измени. Текстот на амандманите на Уставот на предлог на Владата за да поминат треба да бидат поддржани од најмалку две третини од пратениците во законодавниот дом.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека ќе стори се да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани, на пленарната седница. Тој е оптимист дека процесот ќе заврши успешно, и порано од предвидениот датум за гласање на амандманите предвидено за 15 јануари, бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во расправата, но и дека поддршката со број на пратеници ќе се знае на чинот на гласањето.
-Ќе сторам се до последен момент за да обезбедиме двотретинско мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето, или ќе споделиме задоволство од тоа што е постигнато или ќе ја понесеме одговорноста на целиот фокус што го дадовме на интеграциите, дополни Заев.
Најави дека во наредните денови ќе има разговори со партиите, вклучително и со Билал Касами од Беса и со Зијадин села од Алијансата на Албанците од кои како недвојбени поддржувачи на интеграциските процеси на Македонија, вели, очекува сериозност и одговорност.

МИА