Јовески: За нормално функционирање на Обвинителството неопходни се 230 обвинители – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 6:43 PM

Јовески: За нормално функционирање на Обвинителството неопходни се 230 обвинители

За нормално и ефикасно функционирање на Обвинителството неопходни се 230 обвинители – вели во интервју во Мкедонската информативна агенција, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Според него, недостигот од шеесетина обвинители е сериозен проблем, кој тој очекува да се надмине со новите законски измени.

Јовески очекува власта да ги препознае потребите на Обвинителството и да обезбеди соодветни и поголеми материјални средства за извршување на функцијата и за ангажирање стручни соработници и друг помошен персонал.

Зборувајќи за СЈО, тој посочува дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова Обвинителство.

Јовески смета дека СЈО треба да ја задржи досегашната самостојност за кривичните дела за кои е основано, но доколку се додаде нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела да важат општите правила како и за другите обвинителства.