Училишен директор барал музиката да прекине „комитска песна“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 3:51 PM

Училишен директор барал музиката да прекине „комитска песна“

На една од предновогодишните забави што беа организирани за вработените во училиштата во Штип, дошло до инцидент што го предизвикал директор на основно училиште. Додека сите биле фатени на орото, во еден момент музиката почнала да ја свири „Ја излези Ѓурго“. Диркторот свикал да се прекине песната, бидејќи „поминало времето на комитските песни“ . Музиката сменила ритам, но останала дамка на вечерта и приказна од предновогодишната забава, која не се разликува од тие од не така дамнешните времиња. Тогаш „Ја излези Ѓурѓо“ беше на цена, но не дај Боже, некој да ја засвиреше „Бела чао“, на пример. Се менува власта, се менува музиката, но менталитетот никако!