Формиран Локален совет за превенција во општина Конче – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 3:28 PM

Формиран Локален совет за превенција во општина Конче

Локален совет за превенција е формиран за прв пат во општина Конче.На промоцијата на Советот, присуствуваше и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Со формираниот  Совет,жителите на општина Конче, ќе можат дирекно да се вклучат во решавањето на проблемите,битни за безбедноста, смета градоначалникот на Конче, Благој Илиев.
-Жителите на општина Конче па и во регионот со Локалниот совет за превенција, ќе можат дирекно заедно со Локалната власт и Полицијата ,да учествуваат во креирањето на заедничката соработка во решавањето на проблемите на кои што наидуваат при спроведувањето на своите секојдневни активности.Се надевам дека ќе имаме одлична соработка.-вели Илиев
  Со формирањето на Локалните совети за превенција и во помалите, руралните средини,сакаме да пратиме порака дека сите општини се подеднакво важни, рече Министерот за внатрешни работи на промоцијата.
,,Тоа е една од клучните алатки кои што Министерството сака да ги возобнови,за да ја вратиме таа алка  помеѓу граѓаните и македонската Полиција.Ако сакаме да имаме доверба кај граѓаните,ние мораме да соработуваме а еден добар дел од зголемувањето на безбедноста секаде во Р.М ќе значи и превенција.Токму заради тоа многу е важно да НВО,граѓаните и верските заедници се влучат сите заедно во детектирањето на проблемите како и изнаоѓање решенија превентивно пред да се појави било каков проблем-вели Спасовски
Локалниот