Ремзи Шаља избегал од Косово – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 2:19 PM

Ремзи Шаља избегал од Косово

Еден од локалните команданти на ОВК, Ремзи Шаља побегнал од Косово откако добил повик што му го пратило обвинителството на Специјланиот суд, јавуваат косовските медиуми.

 Шаља, на кој веќе му се суди поради убиство на еден Албанец 1998 година, побегнал од Косово и власта нема информации каде во моментов се наоѓа поранешниот припадник на ОВК

Според обвинението на косовското обвинителство, Шаља е во близина на Сува река во средината на 1998 година учествувал во грабнувањето на Хаџи Пертешија, чие тело е пронајдено неколку дена подоцна во близина на селото Дуље.

Специјалниот суд на злосторствата на ОВК му пратил повик за сослушување во средината на декември минатата година, но бившиот командант на ОВК,веднаш рече дека нема да се појави во Хаг.