Гостиварец тешко повреден откако чистејќи го оџакот паднал од покривот – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 1:58 PM

Гостиварец тешко повреден откако чистејќи го оџакот паднал од покривот

Шеесет и четиригодишен маж од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, откако вчера чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот. Во попладневните часови тој бил пренесен во гостиварската општа болница, но по укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.