Мотивирачки потег на сопственичка на бургер барот „50 A Burger and Champagne“, кој ги воодушеви своите вработени, но и хрватската јавност. Гестот што сопственичката го направила веруваме дека ќе направи вработените да си ја засакаат повеќе својата работа. Таа им подари платен годишен одмор до 1 февруари. Во објавата на Фесбук таа образложила дека тоа го прави за да ги нагарди за вредната работа во текот на исцрпната работа неколку недели пред католички Божиќ (Адвент).
„Секој ден објавуваме фотографии од нашите бургери, коктели, рамени (јапонско јадење)… но сето тоа не би било можно без нашиот сјаен персонал кој вам сето тоа ви го подготвува и кој вас секој ден ве послужува со насмевка од уво до уво. Работеа ден и ноќ за време на Адвент и сметаме дека заслужија да ги наградиме“, пишува сопственичката.
„Единствен начин бизнисот/ компанијата да биде успешна е да има среќни работници, а работниците можат да бидат среќни само ако се добро платени и ако имаат доволно време за себе“, додава Левин.
„А кога работите во „50 A Burger and Champagne“, вие не сте само работник, туку дел од семејството на 50-ка. Затоа одлучивме нашите вработени да ги пратиме на годишен одмор до 1 февруари. Се гледаме тогаш со многу нови изненадувања за Вас“, стои во постот на официјалната Фејсбук страница на бургер барот.



