Уште пет лица амнестирани за „27 април“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 1:30 PM

Уште пет лица амнестирани за „27 април“

Уште пет лица добија амнестија за таканаречениот „крвав четврток“ – соопшти денеска Скопскиот кривичен суд. Оттаму информираа дека постапувајќи по добиени барања согласно новиот Закон за амнестија, а по претходно добиени мислења од надлежното обвинителство уважени се барањата на пет лица кои беа осудени за учество во толпа. Тие првично добија условна казна, но пресудата беше преиначена со затворска.

Со денешната одлука. Бројот на прифатени барања за амнестија изнесува 25, додека 14 барања беа одбиени.

Петмината обвинети за ланскиот насилен упад во Собранието, Митко Чавков, Душко Лазаров, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ воопшто не побараа амнестија.