Србите, Хрватите и Чесите најдолго во Европа престојуваат во болниците – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 1:28 PM

Србите, Хрватите и Чесите најдолго во Европа престојуваат во болниците

Жителите на Србија, по Чесите и Хрватите, најдолго престојуваат во болниците во споредба со другите земји од европските држави,покажуваат податоците на Еуростат.

Просечната должина на престој во болниците во текот на 2016 година се движи од 5-10 дена.

Од 25 земји членки ,најдолго престојувале жителите на чешка,(9,6 дена) и Хрватска (9,3 дена) со тоа што помеѓу овие вде земји се најде и Србија,со просек од 9,5 дена.

Од друга страна ,најмалку време поминале Бугарите(5,3 дена) и Холанѓаните (4,5 дена,вклучувајќи ги подолгите престојувања).