Пожарникарите од Тиквешијата лани имале полни раце работа – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 12:36 PM

Пожарникарите од Тиквешијата лани имале полни раце работа

Поголем број на пожари се евидентирани во против пожарната единица Кавадарци во годината што одмина, споредено со 2017 година. Се бележат 273 интервенции во општините Кавадарци и Росоман.

„Лани во 180 случаи гасневме  пожар  во затворен простор, а 30 пати се боревме со пламените јазици на отворено. Бележиме и 63 интервенциивоКавадарци и Росоман. Мораме да истакнеме дека се доекипиравме, имаме нова опрема, а противпижарната зграда е реконструирана после шест децении“ информира командирот на кавадаречката против пожарна единица, Александар Чадамов.

Во соседната општина Неготино пак, бројот на пожари е помал споредено во 2017 година. Командирот Иле Илиев вели дека имале вкупно 90 интервенции.

„Имавме вкупно 90 пожари од кои 45 наотворен, а 24 возатворенпростор. Воосумслучаи интервениравме на гаснење запалени контејнери. Исто така имавме и 13 техничкиинтервенцииприсообраќајнинесреќи, когаморашедасесечатпатничкиилитоварнимоторнивозила, задасеспасатповредени патници“ информира Илиев.

И од двете противпожарни единици апелираат до граѓаните да бидат внимателни сега во зимскиот период, особено оние кои домовите ги затоплуваат со дрва. Редовно да ги чистат оџаците како не би дошло до опожарување на истите, но и на цели објекти.

Ангел Данов