На зелените пазари сепак ќе се продава облека – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 12:29 PM

На зелените пазари сепак ќе се продава облека

Министерството за економија ги демантираше унформациите дека на почетокот од 2019, во рамки на новиот закон за трговија, нема да се продава конфекција на тезгите од зелените пазари.

Сите други акти, како што се обезбедувањето на лиценците, неможноста продавачи да бидат пензионери и вработени на друго место, како и тоа дека може едно лице да закупи само една тезга, остануваат на сила од 1 јануари.

  ,,Продавачите на текстил, обувки и непрехрамбени производи како козметика и накит остануваат на зелените пазари. И тие како и сите останати можат да добијат лиценци за продажба” велат  од Министерството за економија.

Дека станува збор за дезинформации потврдуваат и од Комората за трговци.

,,Ниту законот предвидува таква обврска ниту пак ќе има такво нешто. Во Законот за трговија на пазари никаде не стои кои производи треба да се продаваат на пазар ако и не.– велат од тука.