Радио телевизија Србија објави дека познатиот српски актер Марко Николиќ , починал на 1 јануари во Градската болница во Белград.
Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година во Краљево.
Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година, а играше и на филм и на телевизија.
Најпознат е по улогата на Драгиша Попадиќ, викан „Гига Моравац“, од серијата „Подобар живот“.
Добитник е на наградата „Павле Вујисиќ“, што ја доделува Здружението на филмски глумци на Србија за доживотно дело.


