Исчезнал севернокорејски дипломат-Излегол од амбасадата и исчезнал – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 11:54 AM

Исчезнал севернокорејски дипломат-Излегол од амбасадата и исчезнал

Дипломатот Џо Сонг-гил исчезнал заедно со својата сопруга откако ја напуштип амбасадата на почетокот на ноември, кажал јужнокорејскиот  дипломат Ким Мин-ки, повикувајќи се на податоците добиени од Националната разузнавачка служба .

Оваа служба денес зад затворени врати ги информира дипломатите во Сеул дека Џо се сокрил со својата сопруга во ноември минатата година, не прецизирајќи каде.Ким Мин-ки на новинарите им рекол дека има некои информации за овој случај, но дека не може да зборува за тоа.

,,Ја напуштија дипломатската мисија и исчезнаа”,рекол Ким.

Доколку тоа се потврди, џо ќе се придружи на долгата листа на дипломати кои што се обиделе да побегнат од Северна Кореја.