Дипломатот Џо Сонг-гил исчезнал заедно со својата сопруга откако ја напуштип амбасадата на почетокот на ноември, кажал јужнокорејскиот дипломат Ким Мин-ки, повикувајќи се на податоците добиени од Националната разузнавачка служба .
Оваа служба денес зад затворени врати ги информира дипломатите во Сеул дека Џо се сокрил со својата сопруга во ноември минатата година, не прецизирајќи каде.Ким Мин-ки на новинарите им рекол дека има некои информации за овој случај, но дека не може да зборува за тоа.
,,Ја напуштија дипломатската мисија и исчезнаа”,рекол Ким.
Доколку тоа се потврди, џо ќе се придружи на долгата листа на дипломати кои што се обиделе да побегнат од Северна Кореја.


