Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул вечерва на Етихад ќе одиграат средба од 21. коло од Премиер лигата.
После 20 одиграни кола Ливерпул е лидер со дури 54 освоени бодови, додека Сити е моментално третопласиран со седум бодови помалку. Во случај на пораз можеме да кажеме дека Граѓаните на некој начин ќе бидат отпишани кога е во прашање борбата за титулата.
Токму поради тоа тимот на Гвардиола на секаков начин ќе проба да дојде до трите бодови, додека Редси секако ќе пробат да ги искористат своите шанси и да отидат на веројатно недостижни +10.
Останува да го почекаме стартот на натпреварот од 21.00 часот и да ужуваме во дербито.
Превземено од: supersport.mk


