Во Штипските градинки има невакцинирани деца но морбили нема – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 10:39 AM

Во Штипските градинки има невакцинирани деца но морбили нема

 Се додека не се добие официјална информација од Министерството за здравство, во градинката ќе се примаат сите деца без разлика дали се вакцинирани или не, вели директорката на детската градинка,,Вера Циривири-Трена”,Софче Атанасовска.

   Во оваа градинка, вели директорката има многу мал број на невакцинирани деца,околу десетина, но за среќа случај на заболени од морбили засега нема.

  ,,Доколку од Министерството добиеме препорака да не  се примаат невакцинирани деца,ќе мораме истата и да ја почитуваме” вели Атанасова.

Случај на заболени деца со морбили нема ниту во детската градинка ,,Астибо”,информира директорката  Билјана Трајчевска.

   Колку од децата што престојуваат во детската градинка,а ги има околу 800,не се вакцинирани, ќе треба да се провери со детален преглед на документацијата ,вели директорката.

  Во овој период  мал е и бројот на деца кои што престојуваат во детските градинки, но по празниците состојбата е можно и да се промени,велат директорките на двете детски градинки во Штип.

Вчера Министерството за здравство прогласи епидемија на подрачјето на град Скопје.Донесена е и одлука во градинките да не се примаат невакцинирани деца.