Забрана за камиони и шлепери кон Маврово, минусни температури – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 10:36 AM

Забрана за камиони и шлепери кон Маврово, минусни температури

Уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила со приколка кон Маврово и обратно, која беше воведена вчеравечер.
Во Маврово врне ситен снег, а висината на снежната покривка изнесува дваесетина сантиметри.
Сите патишта, вклучително и кружниот пат околу Мавровското Езеро се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато, во зимски услови.
Во овој регион утрово е доста студено со – 9 Целзиусови степени, а се очекуваат уште пониски температури.