Возач прегазил двајца пешаци во Прилеп. Како што соопштува МВР, синоќа околу 19,30 часот на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“, З.М.(54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп. Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.
Објавено на: 01/3/19 10:12 AM


