По рушењето на станбената зграда во Русија-бројот на жртвите зголемен на 37 – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/19 9:48 AM

По рушењето на станбената зграда во Русија-бројот на жртвите зголемен на 37

Спасувачките екипи на терен работат во исклучително тешки услови на голем студ.

Телата на 37-те жртви извлечени се под рушевините на станбената зграда која што се сруши како  резултат на експлозија на плин во рускиот град Магнитигорски на Урал, соопштиле денеска службите за вонредни ситуации.

Спасувачките екипи на терен работат во исклучително тешки услови и по голем студ.

Службите за вонредни состојби информираат дека до сега се идентификувани 22 од 37 жртви.

Руската истражна комисија соопшти дека се утврдуваат детали и вистинските причини за експлозијата.

Во зградата не се пронајдени траги од експлозија,а прелиминарните податоци укажуваат дека станува збор на експлозија на плин.

Вквите експлозии се релативно чести во Русија поради застарената инфраструктура и непочитување на прописите за сигурност.