Папата им порача на лицемерните христијани- би било подобро да живеат како атеисти – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 4:32 PM

Папата им порача на лицемерните христијани- би било подобро да живеат како атеисти

Папата Фрањо го критикуваше лицемерието на верниците, порачувајќи им на оние кои што не сакаат вистински да ја доживуваат верата, подобро да живеат како атеисти.

“Колку често го гледаме срамот на тие луѓе кои што доаѓаат во црква и таму се ској ден,а потоа живеат живот во омраза кон другите и во оговарање на другите луѓе”рече поглаварот на католичката црква во текот на општата аудиенција во ватикан.

“Тогаш е подобро да не се доаѓа во црква.Живеј како атеист”,порача Папата.

Во текот на аудиенцијата на аргентинскиот Папа, поглавар на 1,3 милијарди католици ја покажа својата способност на поврзување со обичните луѓе.Ги прими припадниците на кубанскиот народен циркус , се смееше со нив а  држеше и фудбалска топка на врвот на прстите.