Со кариерно насочување до поголема младинска вработеност – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 4:22 PM

Со кариерно насочување до поголема младинска вработеност

Во функција на подобрување на младинската вработеност во руралните средини во Источниот и Југоисточниот регион, холандската организација СиЕнВиПи  работи проект, применувајќи ја европската директива за вклучување на младите во економските и општествените текови.
Низ серија обуки и кариерно насочување, младите од руралните средини дознаваат за можностите за почнување сопствен бизнис, што ги нудат македонските институции, но се стекнуваат и со вештини и знаење како да работат. Ова е принципот на работа на проектот, кој успешно функционира во земјите од регионот како Србија и Хрватска. Идејата е на неформален начин да се дадат повеќе идеи како младите кариерно да се насочат. Сашо Петровски од СиЕнВиПи вели дека овие два региони се избрани поради восоката стапка на младинска невработеност и изразената депопулација, а по позитивниот пример од западниот регион.

-Во пилот подрачјето веќе се вработени преку стотина млади, значи се дава можност на луѓето кога ќе завршат со формалното образование ако аплицираат и им се прифати апликацијата, или да продолжат со тренинг до оформување, до специјализирање на образованието за да најдат место  во индустријата, односно во гранката каде им е образованието или да им најдат вработување кај работодавачите. Тоа е нешто што го презема владата како обврска за тие што влегле во таа програма, изјави Петровски.

Зошто граѓанскиот сектор да се анимава со оваа проблематика, Петровски одговорот го лоцира во тоа што институциите со своите политики не секогаш успеават да допрат во младите.

-Не постои таков проект, кој преку ноќ ќе го реши проблемот. Ова се проблеми кои траат со години. Влечат корени уште од транзицијата. Меѓутоа, тоа се гради, менувањето на свеста се гради цигла по цигла, вели Петровски.

Младинската гаранција, која како мерка ја воведе макеоднската влада е европско искуство, која како што вели Петровски, не секаде во Европа функционира. Во Грција, каде е изразена невработеноста е пракса, додека во некои други земји со низок процент на невработеност, не се применува. Неодамна, во одговор на пратеничко прашање, премиерот Зоран Заев се пофали дека со младинската гаранција се вработиле над 1000 млади. Повеќе од стотина луѓе ја користат можноста за продолжување на образованието, а дел од нив ги користат активните мерки за тренинг, односно за нивно практично приспособување за работа, одоговори премиерот.