Бугарија од први јануари воведе електронски систем на наплата а користење на патиштата, при што е-винети можат да се купат од автомати по бензинските пумпи и други пунктови. По првиот ден, забележани се првите проблеми, како немање на хартија или несоодветна наплата на бараните винети.
Електронски, винети може да се купат од сајтот bgtoll, но, возачите реагираат дека купувањето е на бугарски јазик, се’ до плаќањето, кога продолжува на англиски.
Сообраќајната полиција соопшти дека е распоредена по бугарските патишта и преку системот за скенирање на регистерските таблички, проверува дали возилото има платено винета.


