Македонец со 254 км/h дивеел по хрватските патишта – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 3:02 PM

Македонец со 254 км/h дивеел по хрватските патишта

Со автомобил со германски регистерски ознаки, 31-годишен Македонец бил сопрен од хрватската полиција на автопатот А3 кај Нова Градишка. Возилото се движело со брзина од  254 км/h , на автопатот, каде брзината е ограничена на 130 км/h.

Како што јавија хрватските медиуми, полицијата го сопрела Македонецот на Нова Година, по 12 часот о  го казнила возачот со парична казна.

Исто така му е изречена  забрана да вози еден месец, по што  бил исклучен од сообраќај.