Поради снег и ветер забрана за камиони на патот Маврово – Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/19 2:54 PM

Поради снег и ветер забрана за камиони на патот Маврово – Дебар

Попладнево од 15:25 часот поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се водува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Инаку, денеска сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во западниот дел од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.